fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМлад земјоделецОгласникРурален туризам

Дали ќе продолжат „гарантираните цени“ не зависи само од законот за нефер трговски практики, туку и од движењата на пазарот, вели Ковачевски

Цените и маржите се следат, во тој сегмент се соработува со експертската фела, а одлуките се носат зависно од проценката.

Мерката „гарантирани цени“ не зависи само од донесувањето на законот за нефер трговски практики, туку и од движењето на цените на пазарот, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, цените и маржите се следат, во тој сегмент се соработува со експертската фела, а одлуките се носат зависно од проценката.

Како што напомена Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за ортопедски болести, законот за нефер трговски практики во чие изготвување и тој лично учествувал, сигурно ќе оди во процедура. Законот е, нагласи, одличен и со него ќе се ограничи можноста за профитирање на грбот на граѓаните.

-Таа мерка ќе зависи не само од законот за нефер трговски практики, туку и од движењето на цените на пазарот. Ние во Министерството за економија имаме колеги, соработуваме и со професори кои го следат движењето на маржите и на цените во ланецот на продажба, од производство до крајот, и зависно од проценката се носат одлуките дали ќе продолжи или нема да продолжи, а законот сигурно ќе оди во процедура. Јас лично имам учествувано во правењето на тој закон и сметам дека е одличен закон во кој ќе се ограничи можноста за профитирање на грбот на граѓаните, подвлече премиерот.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close