fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Дали зголемувањето на цените на житото во САД може да ја зголеми нивната вредност и во Европа?

 

Растат цените на сојата, пченката и пченицата во САД. Поради нив, американските земјоделци посеаја рекордни количини озима пченица, а руската и француската стока се најскапи на пазарот.

Главната причина за зголемувањето на цените на житото е сушата во Јужна Америка и САД, поради што има слаб принос на пченка и соја, а како што пишува Agrarheute, постои голема глобална побарувачка за овие култури, особено од Кина.

Значителниот пад на производството на пченка на северната хемисфера го принудува пазарот да се потпре  на жетвата на јужниот дел на светот за да обезбеди глобални залихи. Слична е состојбата и со сојата.

Анализите на пазарот во  Чикаго покажуваат дека цените нагло пораснале. Аналитичарите, пак, имаат огромни очекувања од австралиската реколта, чиј род може да го преплави пазарот. Се предвидува дека ова ќе биде нивна трета најголема реколта досега, која ќе навлезе во главните пазари на Југоисточна Азија и со тоа ќе ја контролира цената. Бројките кажуваат сè – жетвата на пченицата во таа земја во сезоната 2020-21. се проектира на 28,4 милиони тони, што е за 0,9 милиони тони повеќе од предвидувањата еден месец порано, или за 13,2 милиони тони повеќе во споредба со претходната сезона, пишува World Grain.

Поради зголемувањето на цените, американските земјоделци сеат повеќе

За прв пат во последните осум години, земјоделците во САД ја зголемија сеидбата на зимска пченица бидејќи големата побарувачка и сувото време во големите производители поттикнуваат повисоки цени. Министерството за земјоделство на САД тврди дека до година тоа ќе доведе до рекордни посеани површини со пченка, соја.

David Justison, земјоделец во округот Монтгомери, оваа есен засади 485 хектари озима пченица, за разлика од 365 хектари минатата година. “Тоа е најдобрата понуда што сум ја видел во последните неколку години. Пченицата од 6 американски долари го привлече моето внимание”, изјави тој за Ројтерс.

Треба да се додаде дека аналитичката компанија IHS Markit Agribusiness прогнозираше  дека посевите на зимска пченица во САД се зголемија за 3,6% во споредба со претходната година.

Исто така, треба да се потсети дека кинеската влада издаде необично упатство со кое ги охрабрува своите земјоделци да го зголемат производството на жито и тоа  пченица, пченка и ориз.

На овој начин, тие сакаат да го стабилизираат домашното производство на житни култури со цел да се справат со неизвесностите што произлегуваат од глобалната состојба поврзана со пандемијата САРС-КоВ-2.

Русија продолжува со високи цени, а Франција е уште поскапа

Пченицата се одржува и со рекордно високите руски цени, кои се  на над просечно ниво, како и оние за брашно и сточна храна, што не е во прилог на локалните одгледувачи на говеда. Покрај тоа, нивното Министерство за земјоделство објави дека ограничувањето на извозот на жито нема да важи до средината на февруари.

Понатаму, Европската комисија известува дека руската пченица со  12,5% протеини во својот состав, натоварена на брод во црноморското пристаниште Новоросииск на крајот на минатата недела, достигна цена од 254 американски долари за тон (што е околу 214 евра), што е мал пад од 2 американски долари во споредба со рекордните највисоки нивоа во претходната недела.

Во исто време, француската пченица   на најголемото извозно пристаниште Руен чинеше 259 американски долари или 4 повеќе од претходната недела и е поскапа од руската. Додека цените на рускиот јачмен беа стабилни на 212 УСД по тон.

Францускиот јачмен пак чинеше 245 УСД по тон, 5 УСД повеќе од претходната недела.

Каква е состојбата во Европа?

На европскиот пазар , цените на пченицата во понеделникот се зголемија на 212 евра по тон, што е  зголемување за 3 евра во споредба со претходната недела.

Понудените  цени за јачмен во пристаништето Хамбург во понеделникот беа 184 евра за тон, околу 1 евро повеќе од пред една недела. Исто така  повисоки за едно евро се и цените за ‘рж. Во Јужен Олденбург цената на испорачаната пченка беше 218 евра или 4 евра повеќе од претходната недела.

Извор: Агроклуб

Слични написи

Back to top button
Close