fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Данците воведуваат данок за сточарите поради гасовите што ги произведуваат нивните крави, свињи и овци

Се очекува со воведувањето на овој данок да се намалат емисиите на стакленички гасови во Данска за 70% во однос на нивото од 1990 година.

Од 2030 година, Данска ќе ги оданочува сточарите поради гасовите што ги испуштаат нивните крави, овци и свињи. Со тоа, ќе стане првата земја во светот што ќе го стори тоа за да го намали главниот извор на емисиите на метан, еден од најмоќните гасови кои придонесуваат за глобалното затоплување.

Министерот за даноци Џепе Брус очекува со воведувањето на овој данок да се намалат емисиите на стакленички гасови во Данска за 70% во однос на нивото од 1990 година.

Данските сточари од 2030 година ќе се оданочуваат со 300 круни (43 долари) по тон еквивалент на јаглерод диоксид во 2030 година. Данокот ќе се зголеми на 750 круни (108 долари) до 2035 година.

Иако јаглерод диоксидот добива поголемо внимание за неговата улога во климатските промени, метанот заробува 87 пати повеќе топлина во период од 20 години, според американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close