fbpx
ВестиВиноТоп вести

„Заборавете ја Франција, пијте вино од Македонија“ – Препорака од светски сомелиери

Специјализираната страница на сомелиерите и вљубениците на доброто вино објави анализа наречена „Заборавете ја Франција, пијте вино од овие 7 неочекувани држави“, во која сомелиер од Бруклин, САД, ги наведува и вината од Република Македонија.

zaboravete ja francija pijte vino od makedonija preporaka od svetski somelieri

 

-Кога ќе помислите дека нема нови земји на виното за откривање, влијанијата како климата, новите енергенси и инвестиции, како и политичките промени вметнуваат нови региони во мапата.

Од Блискиот Исток до Северна Африка, овие седум земји- винопроизводители нудат нови откритија кои ќе ви го зачинат вашето искуство во пиењето вино, наведува порталот кој препорачува седум региони за вечери минати со вино и сирење, се наведува во препораката каде освен за Македонија, анализа на виното и на регионите е дадена за Англија, Мароко, Либан, Мексико, Бразил и Уругвај.

-Република Македонија се уште се бори за свој вински идентитет по независноста во 1991. Република Македонија сега добива внимание за нејзиното вино, најмногу заради новите инвестиции во државата. Земјата има бенефит од сонцето, мешаните медитерански и континентални ветрови, каменеста почва, па повеќето семејства си произведуваат домашно вино- стои во анализата на Вајнпеар.

-Најзначајниот регион е Повардарие, лоциран централно, и додека се одгледуиваат интернационалните видови грозје, земјата го усвоила црвениот Вранец, како свое обележје. И додека државата се бори да го најде својот стил, винопроизводителите се стремат кон негово чување во дабовина, за креирање на поголем „интернационален“ стил, но потенцијалот на грозјето е огромен- наведува сомелиерот, советникот за вино и специјализиран автор од областа на винската култура Кортни Шизл.

Вреди да се проверат вината од Македонија додека се уште се широко непознати, како и да се следат како тие еволуираат, се додава на крајот од анализата за македонските вина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close