fbpx
ВестиТоп вести

Градот ги уништи преспанските овоштарници, итно се бара градобијна заштита

Невремето проследено со град што пред два дена ја погоди Преспа предизвика големи штети кај јаболкниците. Преспанските овоштари велат дека оштетувањата на родот се големи , а на места тој е целосно уништен. Четврта година по ред преспанскиот регион води битка со временските непогоди, a овој месец Преспа два пати ја погоди невреме со град.

Горан Талевски од селото Долна Бела Црква вели дека од градот најмногу настрадале овоштарниците во атарот на селата Грнчари, Асамати, Раица , Курбиново, Претор, Златари, Езерани , Сливница и во неговото  село.

-Имаме засадено јаболници на површина од 5 хектари, градот сосема го уништи родот и тоа што е оставено ќе биде болно. Годинава очекував  250 тони јаболка, но родот ми е уништен, се пожали Талевски во разговор за „Зелена берза“.

Од родот годинава  според неговите пресметки тој  очекувал околу 2.400 000 денари, ако килограм јаболко би се откупувал по цена од 10 денари. Но, за жал сега вели дека загубил се’.

-Овоштарниците не ми беа осигурани бидејќи она што го прават осигурителните компании сметам дека нема врска со реалноста и е на штета на овоштарите. Ова е преспанска голгота. Осигурителните компании во април 100 % ги  подигнаа цените на полисите и од 20% на 40% франшизата, плус тоа ставија 15% скриени трошоци. Значи осигурителните полиси се лошо скороени и голем дел од овоштарите немаат сметка да се осигураат, вели Талевски.

Тој обвинува дека никој од надлежните институции два дена по невремето не дошол на терен да ја констатира состојбата.

-Прашувам како еден од надлежните не се појави по селата каде што овошките беа најоштетни? Ни од власта ни од опозицијата. Да беа избори сите ќе дојдеа да се сликаат , како што лани пред изборите кога пролетните мразави го зафатија регионот дојдоа и  министри и опозиционери. А сега што се случува или ова е божја волја, обвинува овој овоштар од Преспа.

Овоштарите од Преспа бараат да се врати градобијната заштита како единствена мерка да се намали штета врз родот од невреме.

За ова велат дека уште денеска ќе бараат средба во Министерството за земјоделие.

-Станавме ризично подрачје и додека не ја добиеме таа градобијна заштита тешко дека ќе го заштитиме родот. Таа заштита мора да се врати на териоторијата на Р. Македонија, зошто вчера вакво неверем имаше во радвошко, друг начин нема, вели Љубе Пампулески, претседател на здужението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен.

 

„Зелена берза “

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close