fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Што заложуваат Македонците? Овци, машини…

Како што може да се купи стадо овци или крави на кредит, така и животните може да бидат предмет на залог.

Сепак, најмногу се заложуваат акции и удели во компании. Вредноста на најголем заложен удел во компанија е дури 480 милиони долари! Најголемиот залог на парично побарувања, пак, е во износ од 1,57 милиони денари

Како што може да се купи стадо овци или крави на кредит, така и животните може да бидат предмет на залог. Во Заложниот регистар што го води Централниот регистар, мора да се впише сè што е заложено, а е подвижна ствар, хартија од вредност, потоа заложени парични или други имотни побарувања чија вредност е изразена во пари, или пак, заложени интелектуални или други сродни права. Таму не се евидентира заложениот недвижен имот, а евиденцијата открива илјадници залози, сè и сешто, па дури и германски марки и јапонски јени. Така, од Заложниот регистар, на пример, може да добиете и информација за тоа дали возилото кое сакате да го купите е под залог или не.

Од Централниот регистар за „Слободен печат“ велат дека во Заложниот регистар што го водат, има регистрирани залози во повеќе валути, но најчесто во денари, евра и американски долари. Интересен и е фактот дека има 396 залози што се изразени во германски марки (кои веќе не се употребуваат), како и 3 залози во јапонски јени! Во Заложниот регистар во моментот се активни 30.468  залози, а нивната бројка варира во зависност од економската состојба во државата. Најголемиот дел од залозите односно 16.271 се во евра, а по нив следуваат оние во денари – 12.763.

– До ноември годинава, има 1.613 регистрирани залози, што е приближно на 2018-та, кога имало 1.988 вакви залози. Највисока бројка е забележана во 2019 година – 2.474 залози. Најголемата вредност на  побарување обезбедено со залог е 1,6 милијарди УСД, а се работи за залог на удел на странско правно лице во македонско правно лице – набројуваат од ЦР.https://www.slobodenpecat.mk/shto-zalozhuvaat-makedoncite-ovci-mashini-germanski-marki-japonski-jeni/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close