fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во Куманово ајварката 40 денари, доматите како на зима-100 денари за кг.

Околу 150 денари би чинела тегла ајвар од домашната кујна, според пресметките на моменталните цени на производите за зимница во малопродажба.

Цената на ајварката во Куманово се движи во рамки на минатогодишната, вистинско изненадување е цената на доматите кои се продаваат како да е Нова Година , а не сезона на еден од основните намирници за зимница. Така, на пример, производител од селото Речица убави, крупни домати од сортата јаболчар ги продава за 100 денари од килограм, а многу поситните се по цена од 50 денари. Во некои од маркетите ,пак, цената е 139 денари за килограм. Објаснувањето е дека се помалку ги има во бавчите и на пазарите, им поминува сезоната, па и цената е повисока.

„Пиперката-капија и не е многу скапа, лани беше некаде 36 денари, годинава е 40. Ама другите цени се изгор, доматите може да ги заборавиме-за 100 денари се чувствувам како Финец, а не Македонец кога ги купувам. Ако се земе предвид дека килограм кромид е едно евро, а истата цена е и во Грција каде платите се многу повисоки,  што останува за другите производи“, вели кумановец.

Скапи се и везените пиперки кои се продаваат по 100 денари за килограм, а цената на веќе нанижаните низи изнесува од 700 денари за благите и 800 денари за лутиот пипер. Низа кумановската „ифрит“ лута пиперка, пак, се продава за 300 денари.  Домашниот лук чини од 200-250 денари, кромидот од 50-60 денари, а грозјето е со прилично прифатлива цена од 60 денари за килограм.

Изворhttps://www.kumanovonews.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close