Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Демирхисарец од „Национални шуми“ дозволил да сечат дрва на приватни парцели
Ги оштетил газдите со пола милион денари
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(61) од Демир Хисар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.
„Пријавениот, на 30.05.2022 во својство на службено лице, вработен во ЈП „Национални шуми“ Скопје, подружница Демир Хисар, изготвил и потпишал записник за сеча на шумски дрвја, врз основа на кој било издадено одобрение за сеча на две приватни парцели“, велат од МВР.
На тој начин тој ги оштетил сопствениците за 554.275 денари.