Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Денес дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег
Студот стега! Минималната температура по градовите утрово е во интервал од -7°C во Берово до 2°C во Охрид.
(23.12.2024): Денес ќе има врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч).
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда. Ќе дува умерен, наместа засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.