вестиВино

Нема блокирани откупувачи на грозје, само треба да се усогласат според законот

Откако лозарите излегоа со реакции дека од за нив нејасни причини се затвораат откупни пунктови и не им се откупува грозјето во екот на гроздоберската сезона, па се создава метеж од трактори и нетрпеливи лозаропроизводители, инспекторите со кои разговаравме појаснуваат за што точно станува збор. Не станувало збор за никакво намерно затворање на кој било откупен пункт. Инспекторите само барале од откупните пунктови да бидат усогласени со новите измени во Законот за вино, кои беа договорени меѓу лозарите и винарите, а кои стапија во сила на 12 септември.

nema blokirani otkupuvachi na grozje samo treba da se usoglasat spored zakonot

 

„Во минатото лозари се жалеа дека се случуваше трговци да откупуваат грозје во име на винарници, винарници да тврдат дека им платиле на трговците за да ги намират побарувањата кон лозаропроизводителите, а лозарите при неплатено грозје да не знаат од кого да си ги бараат парите и кого да тужат ако грозјето не се плати навреме. Затоа беше одлучено да се направат измени во законот и да се олесни наплатата на побарувањата кои ги имаат лозарите за предадено грозје и да се надминат одредени проблеми што се јавуваа кога грозјето се продаваше на откупувачи кои вршеа откуп во име на одредени винарници. За таквите измени беа информирани сите винарски визби и тие требаше да се усогласат со законските одредби кои ја третираат оваа проблематика“, појаснија од Инспекторатот.

Оттаму додаваат дека винарниците сега треба да си ги регистрираат сите откупни пунктови на кои планираат да откупуваат грозје. Лозарите да добиваат кантарни белешки од нив, а не од трговците со грозје кои се посредници меѓу двете страни. На едно откупно место може да се откупува грозје и за повеќе винарски визби, но сето тоа да биде регулирано и поткрепено со соодветна документација.

За сите неправилности при откупот на грозје, лозарите можат да се обратат на телефонскиот број на инспекторатот 0800-11-000.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close