fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Нашата работа е на нива, не по канцеларии-реакција на овчеполските земјоделци

Решете го проблемот со договорите за закуп на земјоделско земјиште

Нашата работа е на нивите, а не да одеме по канцелариите. Ќе ве молеме решите ни го проблемот со договорите за закуп на земјоделски земјиште, за коишто уште лани околу 100 земјоделци навреме имаме конкурирано, од овој регион, порачаа земјоделците од Здружението „Овчеполски фармер“, кои денеска имаа две одделени средби со ресорниот министер, Љупчо Николовски и дополнителниот министер, Цветан Трипуновски, објави https://telma.com.mk/

Земјоделците прашаа зошто се чекало осум месеци за да се продолжат договорите и да стравуваат дека ќе нема субвенции за посеаните култури на нивите.

Земјоделците кои имаат договори за закуп на земјиште од 10 или 20 хектари, а на кое веќе 20 години произведуваат пченица, јачмен, пченка, детелина и бостан, храна и за луѓето и за стоката од двајцата министри добија ветување дека ќе им се продолжат договорите. Дополнителниот, Трипуновски имаше елегантно решение, а пак министерот, Николовски пак им гарантираше дека договорите ќе им се продолжат во текот на овој месец.

По средбата со Трипуновски и Николовски, овчеполските земјоделци порачаа дека ќе ги држат за збор, а ќе бидат трпеливи до 3 април. Доколку не им се продолжат договорите за закуп на земјиштето во текот на овој месец по 3 април ќе ги активираат протестите и блокадите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close