fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Душанка од Кавадарци произведува маџун и е добитничка на грант

Николовски вели дека преку мерките за рурална жена, млад земјоделец, поддршка на мали производители на храна и вино, бизнис план, сме поддржале вкупно 1.700 жени земјоделки со над 1.1 милијарда денари.

Душанка од Кавадарци произведува маџун и е добитничка на грант за нашата добро позната мерка за жените земјоделки, “рурална жена”, објави министерот Љупчо Николовски.
320 жени се кориснички токму на оваа мерка.
Денеска во ЕРЗС системот имаме запишано 30.292 жени земјоделки.
 Овие пет години до сега, преку мерките за рурална жена, млад земјоделец, поддршка на мали производители на храна и вино, бизнис план, сме поддржале вкупно 1.700 жени земјоделки со над 1.1 милијарда денари.
Успехот се гледа во бројките, па така:
39 жени аплицирале и добиле грант за производство на храна од животинско и неживотинско потекло.
Над 625 жени добиле поддршка за набавка на трактори,
158 жени поддршка за педигриран добиток,
111 жени добиле поддршка за набавка на системи капка по капка,
12 добиле поддршка за набавка на комбајни за ориз,
7 за комбајн за жито,
10 жени земјоделки поддршка за набавка на опрема за тутун.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close