Денес во битолско Кравари ќе бидат доделени првите картички за користење на зелена нафта. На настанот
се очекува да бидат присутни Премиерот, Зоран Заев заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Трајан Димковски како и директорот на АФПЗРР-Николче Бабовски. Исто така на настанот ќе присуствуваат и градоначалниците на Општините Битола, Могила и Новаци, раководителот на подрачната единица на МЗШВ – Методија Илиевски, Посебната советничка за земјоделство – Ленче Николовска, Директорот на АПРЗ – Елгафар Јусуфи и земјоделци од овој регион.
З.Б.