
Агро бизнисВестиТоп вести
Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
МЕТЕО АЛАРМ: Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре и во вторник на повеќе места времето ќе биде ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.
