Без категорија
Денес -Променливо облачно по котлините со магла, од утре дожд на повисоките места снег
Според најавата на УХМР, од вторник се очекуваат повремени локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат побилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во вторник преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.





