Денес започна испораката на стручна опрема до 6 стручни средни училишта во државата

(Oвој напис е објавен на: March 11, 2019)

 

Синпекс  Доо Битола денес започна со ипорака на стручна опрема до 6 средни стручни училишта во државата. Станува збор за испорака и инсталација на стручна опрема за средни училишта од секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство. Се работи за проект што го реализира Министерството за образование и наука вреден над 15 милиони денари, велат од Синпекс ДОО Битола, компанија  застапник и дистрибутер на најсовремена земјоделска механизација и опрема од познати светски брендови.

Во рамки на  склучениот договор  4 училишта  ќе добијат Соларна сушара за овошје и зеленчук, 5 училишта ќе добијат Трактор со приклучна механизација (двобразден рамничен плуг, клинеста брана, ѓубрерастурач). Машини за заштита на растенијата ( атомизер, прскалка, фумигатор) ќе добијат 5 училишта. Моторен култиватор со приклучна механизација, фреза , косачка  и плуг ќе добијат 6 училишта, додека 3 ќе добијат метео станица. 4 училишта ќе добијат Основен сет на хирушки инструменти, заедно со Сет метални садови за чување на хируршки инструменти, сет инструменти за царски рез, а 3 училишта ќе  добијат и Сет инструменти за вештачко осеменување.

Со ова стручна опрема ќе им се овозможи на учениците и наставниците да извршуваат активности кои ќе ја подобрат наставната програма, а  учениците ќе имаат можност  практично да се сретнат и да научат да манипулираат со потребна опрема и механизација која во иднина ќе им биде секојдневие.

Со нова опрема ќе се здобијат следните училишта:

ССОУ „Киро Бурназ“ – Куманово,

СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп,

СУГС “Браќа Миладиновци“- Скопје,

СОУ „Димитар Влахов“ –Струмица

СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе

СОСУ „ Моша Пијаде“ – Тетово

Испораката на потребната опрема ќе треба да заврши до средината на месец април, информираат од Синпекс  ДОО Битола.

П.Ј.

Share Button