fbpx
ВестиТоп вести

Денови на кочанскиот ориз по 26. пат

Стопанско културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ 2017 година, ќе се одржи од 26 септември до 1 октомври, во организација на општина Кочани.

– Манифестацијата започнува на 26 септември со изложба на ликовни дела од творештвото на кочанските ликовни уметници членови на ДЛУК, како и со концерт на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, соопшти Аника Илијеска Горгиева од општина Кочани.
Манифестацијата ќе биде збогатена со изборот на жетварската убавица, перформанс на Сара Мејс, како и концертот на народни песни и ора на кој се очекува да настапат фолклорни ансамбли од Македонија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Унгарија.
– На годинешната оризова бела ноќ ќе настапи Игор Џамбазов и групата Гуру Харе, а манифестацијата ќе биде збогатена со промоција на книга и театарска претстава, истакнува Илијеска Горгиева.
Централен настан на годинашните 26. денови на кочанскиот ориз кој привлекува голем број посетители и гости од страна е обичајот зажнејување на ориз на нива и вршидба со ѕевгар, кое ќе биде демонстрирано на оризовите полиња крај Кочани на 1 октомври. Потоа следува прогласување на најдобриот индивидуален земјоделец од Кочанско, како и презентација на јадења подготвени од ориз.
Во културно уметничкиот дел кој ќе се одржи во Паркот на револуцијата во Кочани ќе настапи и Ефто Пупиновски.
Гостите во Кочани ќе можат да ги посетат културно-историските знаменитости на кочанскиот крај како Спортско рекреативниот центар Пониква.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close