fbpx
Вести

Уставниот суд денеска носи конечна одлука за субвенциите на земјоделците

ustaven

Земјоделците чекаат на овие субвенции веќе осум месеци и се соневаат дека владата манипулира со исплатата пред локалните избори.

Уставниот суд денеска ќе расправа во врска со субвенциите, односно дали оспорените одредби од членот 8-а од Изборниот законик и на членот 11 од Законот за спречување на корупција ќе бидат укинати.

Иницијативата на земјоделското здружение „Агротиквешија“ со која се бара оспорување на членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции се до фомрирање нова Влада

Иницијаторите бараат оценка на уставноста и законитоста на член 8-а став 1 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 2 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 3 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Изборниот законик и член 11 став 1, ставови 2 и 3 во деловите: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Законот за спречување на корупцијата.

Министерството за финансии се повика на одлуката на Уставен за да ги исплати субвенциите иако Уставниот суд донесе времена мерка пред една недела со која се запира извршување на законски решенија до конечната одлука на судот, што практично значи дека субвенциите може да се исплаќаат до конечната одлука на судот.

Земјоделците чекаат на овие субвенции веќе осум месеци и се соневаат дека владата манипулира со исплатата пред локалните избори.


 

плусинфо.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close