Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Десет години системско уништување на млекопроизводството – реакција на НЗМ

Од некогашните стабилни 360 до 390 милиони литри сурово млеко во 2015 година денес домашното производство е паднато на критични 220 милиони литри. Ова е директен удар врз прехранбената независност на државата.

Додека надлежните институции со години креираат стратегии на хартија реалноста на теренот покажува суров биланс.

Официјалните бројки и независните анализи за периодот од 2015 до 2025 година потврдуваат дека македонското сточарство се наоѓа во слободен пад, а државата свесно се турка во целосна увозна зависност од туѓа суровина и сомнителни млечни преработки.

За само една деценија лошите политики го доведоа секторот до раб на опстанок. Прво егзодус на сточниот фонд, бројот на млечни крави е преполовен од 150.000 во 2015 година денес одвај броиме 90.000 грла. Овчарството како наш традиционален белег претрпе идентичен удар со пад од 720.000 на под 450.000 овци. Фармите се затвораат, а селата остануваат празни.

Драстичен пад на домашното производство на млеко

Од некогашните стабилни 360 до 390 милиони литри сурово млеко во 2015 година денес домашното производство е паднато на критични 220 милиони литри. Ова е директен удар врз прехранбената независност на државата.

Илузија на откупните цени

Иако номинално цената на кравјото млеко порасна на 32 до 40 денари реалноста е дека трошоците за инпутите како сточна храна, енергенси и лекови во 2025 година се за над 120 проценти повисоки во споредба со 2015 година.

Рентабилноста на фармерот е целосно уништена.

Енормен одлив на девизи за странско млеко

Во 2015 година за увоз на млечни производи се трошеа околу 40 милиони евра. Денес во 2025 и 2026 година таа бројка надминува алармантни 100 милиони евра. Ние го финансираме и стимулираме странскиот земјоделец додека нашиот тоне во долгови.

Бараме -итни интервентни мерки, а не празни ветувања

Националната земјоделска мрежа алармира дека без радикални промени во моделот на субвенционирање, секторот нема да ја преживее следната година. Бараме од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство-

-Итна ревизија на критериумите за директни плаќања и зголемување на субвенцијата по предаден литар млеко со цел да се амортизира огромниот раст на трошоците за производство

-Редовна и неселективна исплата на субвенциите без доцнења кои ги принудуваат фармерите да ги продаваат преостанатите грла за кланица за да покријат тековни долгови

-Строга контрола на увозот на млечни преработки со низок квалитет и растителни масти кои вршат нелојална конкуренција и ја уриваат цената на македонското сурово млеко

-Посебни интервентни програми за спас на овчарството во источните и југоисточните региони кои се најмногу погодени од недостигот на работна сила и откупната цена

Времето за калкулации е истечено – Ако државата не застане зад сопствените сточари веднаш набрзо македонското млеко и сирење ќе станат минато, а нашите трпези ќе зависат исклучиво од туѓиот увоз на млеко и млечни производи со сомнителен квалитет.

Национална земјоделска мрежа

Поврзани новости

Back to top button