fbpx
ВестиМакедонија

Деспотовски: Преку кофинансирање до поголеми плати за вработените во странските компании

Поголеми приходи за вработените, преку нови инвестиции во постојните и отварање нови производствени капацитети е целта на активностите што ги спроведува Владата како поддршка на странските инвестиции во земјата.

Поголеми приходи за вработените, преку нови инвестиции во постојните и отварање нови производствени капацитети е целта на активностите што ги спроведува Владата како поддршка на странските инвестиции во земјата. Интенција е таквите активности да се насочат кон реализација на веќе договорените услови од заемен интерес преку реализирање на предвидените планови од страна на компаниите, но и да се иницираат дополнителни услови што ќе овозможат реализација на нови развојни проекти. Тоа го истакна директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, кој денеска ги посети индустриските капацитети во ТИРЗ во Кичево, Струга и во Охрид.

-Тука сме да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и нивните планови за нови инвестиции. Изминатите неколку месеци имаме најави со конкретни писма на интерес, како од постоечките така и од нови фирми, преку потенцијални инвестиции меѓу 80 и сто милиони евра. Позитивно за нас е што компаниите работат, размислуваат да ги прошируваат капацитетите. Тоа ќе значи не само нови работни места, туку квалитетни работни места што подразбира добри примања, рече Деспотовски.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close