fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер

Силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите.

Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите.

Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпрочени температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа ќе влијае и врз приносот. Сепак, денешните и врнежите кои се очекуваат за време на викендот може да ја подобрат состојбата со влага во почвата.

Температурата на почвата на длабочина од пет сантиметри, во наредниот период се очекува да се движи од 19 до 28 степени целзиусови.

-Земјоделците да преземат соодветни мерки за заштита на културите од силниот ветер кој наредните денови во некои региони ќе надмине 60 километри на час. Временските услови во наредниот период ќе влијаат и на развојот на болести, штетници и плевели. Затоа се препорачува, кога временските услови тоа ќе го дозволат, да се искористи за заштита на земјоделските култури, велат агрометеоролозите.

Топлото време минатата недела со надпросечни температури на некои места, беше одлична можност за изведување земјоделски работи на отворено: меѓуредова обработка, активности во градинарството и расадување тутун во централниот и јужниот дел од  земјата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close