fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Димковски-СДСМ со континуирани мерки и политики дава поддршка на лозарите

Мерките за лозарството даваат резултати бидејќи трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност.

Преку партнерски однос со земјоделците, Владата предводена од СДСМ презема мерки да им помогне на лозарите, да го зголеми нивниот стандард и да го унапреди овој, исклучително значаен сектор.
Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто во споредба со минатата година, соопшти Трајан Димковски од комисијата за земјоделие на СДСМ и додаде:
-Сортата „смедеревка“ ќе се откупува по 13 денари за килограм, а „вранецот” ќе биде 15 денари за килограм што е три денари повеќе во споредба со лани.
Лозарството како извозно ориентирана гранка и во време на светска криза добива сериозна поддршка преку низа мерки креирани од Министерството за земјоделство.
Преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади лозарите добиваат субвенција од 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства, со минимум површина од 1 хектар до максимкум 10 хектари
Лозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која може да достигна и до 100 отсто, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интервентните мерки.
Изминатите две години во време на ковид кризата на лозарите им беа испалтени вкупно 649 милиони денари помош. Поддршка се обезбеди и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои се помогна транспортот при извозот на вино.
Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри.
За малите семејни винарии е обезбедена финансиска поддршка до 10 000 евра за набавка на опрема за производство, мерка која предизвикува голем интерес.
Со вистински политики Северна Македонија станува топ извозник на вино.
Мерките за лозарството даваат резултати бидејќи трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност.
СДСМ со континуирани мерки и политики и понатаму ја продолжува поддршката на оваа земјоделска гранка, како стратешки сектор чиј извоз позитивно влијае за јакнење на домашната економија.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close