вести

Диви бадеми и круши против опустошување на атарите

Во последните две децении воочлива е појавата на оголени и ерозивни подрачја и забрзана дезертификација на поголеми површини. За тоа покрај останатите абиотски и биотски фактори, веројатно придонесуваат и можното негативно влијание од глобалното затоплување, микроклиматските нарушувања и агресивното антропозоогено влијание.

Последиците се особено забележливи во подрачја со топла клима, мали количества врнежи и сиромашни почви. Затоа. неопходно е навремено преземање соодветни мелиоративни мерки.

Оттаму, согласно со постулатите на агрошумарството се препорачува пошумување на аридни и семиаридни подрачја со автохтона дива овошна дендрофлора во атарите на руралните средини. Во непосредното соседство и пошироко се забележани вакви бројни успешни практики.

Пошумувањата на аридните и семиаридните предели со автохтони овошни видови во одредена мера обезбедуваат:

  • Намалена ерозија;
  • Намалена дезертификација;
  • Придобивки за локалното население (шумски овошни плодови, добиточна храна, суровини за фармацевтската

Имајќи ги предвид климатско-вегетациските карактеристики на подрачјето на Р. Македонија, изборот на диви овошни видови за мелиорација на атарите во аридните и семиаридните подрачја е мошне ограничен. Во оваа прилика се издвојуваат видови на дива круша (Pyrus communis L.). Див бадем (Amygdalus webbii) и горчлив бадем.

Дивата круша (Pyrus communis L.) е вид кој кај народот е познат како горница или ситница. Претставува најзастапена дива овошка кај нас. Дивата круша е изразено ксерофилен вид. Успева на суви и топли експозиции. на сиромашни. плитки и каменливи почви. Освен летните суши, добро ги поднесува суровите зими и доцните пролетни мразеви. Цвета во април. а плодовите созреваат во септември или октомври. Плодовите содржат танин (штавни материи) но во зрела состојба може да се користат како храна за добитокот, па и за правење ракија. Дрвото има солид- на јакост и може да се користи во домаќинството како дрвен прибор или за ситна столарија (огрев. колци, огради). Дивиот бадем (Amygdalus webbii) е еден од најтермофилните видови застапени кај нас. Расте во подрачја каде што сончевата радијација е голема и долготрајна. Успева на суви и јужно експонирани каменести терени, на надморска височина до 1.000 метри. Претставува сушоотпорен вид којшто поднесува долготрајни суши од 40 до 80 дена. Успешно расте и се развива на силикатна и карбонатна геолошка подлога. Цвета во март или април, а плодовите созреваат во август. Тие се многу ситни (до 2 грама), претежно горчливи (ретко се сретнуваат благи јатки). Бадемовото масло наоѓа примена во медицината, козметиката и парфимеријата.

Горчливиот бадем од слаткиот бадем се разликува по тоа што содржи хетерозид амигдалозид. Претставува ксеротермофилно дрвенесто растение кое успева на суви и топли експозиции. на сиромашни скелетни почви. Цвета во рана пролет. а плодовите созреваат во средината на август. Споредено со дивиот бадем, горчливиот бадем дава значително поголеми плодови (средна тежина околу 6 г). Плодот кај горчливиот бадем е малку пошироки пократокво однос на плодот кај слаткиот бадем. Со екстракција од плодовите се добива амигдалин (цијаноген гликозид). При досегашните пошумувања употребувани се заедно двата вида и формирани се мешани насади. Од бадемите се добиваат бројни состојки за фармацијата (седативи за нервниот систем, против болки во желудникот, грозница и сл.). Бадемовото масло содржи околу 80% триолеин и наоѓа примена во медицината и индустријата за парфеми. Во алтернативната медицина се применува млеко од горчлив бадем против грозница, мигрена, болести на дигестивниот тракт, ублажување на срцеви болки и друго.

Извор: Моја земја

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close