fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиРурална Жена

Пендаровски: Се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена

Поддршката на оваа категорија жени не смее да биде декларативна и наменска, како што најчесто е, и не само на меѓународниот ден, туку суштинска и секојдневна, изјавил шефот на државата.

Руралните жени се столб на локалната економија, придонесувајќи како земјоделки, сезонски работнички и како претприемачки, порача претседателот Стево Пендаровски на денешниот настан во Крушево по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина.

Како што информираат од неговиот кабинет, Пендаровски посочил дека во реалноста се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена на било кое ниво во државата.

-Несомнено, ни претстои голема работа за да овозможиме економска самостојност и социјална интеграција на руралната жена. При тоа, неопходен услов е поддршката на женското лидерство и на организациите кои се занимаваат со оваа проблематика. Гласот на руралната жена, нејзините потреби и проблемите со кои се соочува, треба да бидат чуени, но и решени. Поддршката на оваа категорија жени не смее да биде декларативна и наменска, како што најчесто е, и не само на меѓународниот ден, туку суштинска и секојдневна, изјавил шефот на државата.

Оценил дека е потребен ангажман на сите засегнати страни како и функционално  партнерство меѓу државните институции и граѓанските организации заради вклучување на руралните жени во процесот на одлучување на сите нивоа, со што и самите ќе станат креатори на политиките и иницијативите за подобрување на нивната положба.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close