Австриски  искуства и практики  за развој на фармерството  во Македонија

(Oвој напис е објавен на: April 4, 2019)

 

Австрискиот агрикултурен земјоделски кластер во соработка со Здружението за едукација на земјоделци  „Зелена берза “ Битола и ЛАГ Агро  Лидер Прилеп  организираат настан „ Земјоделство и рурален развој – искуства и практики “. Станува збор за проект што ќе се реализира  со помош на BACID  програмата на ЕУ на 24 и 25 април. Ќе бидат присутни  експерти од Австрија  кои ќе ги пренесат своите искуства и практики од областа  на земјоделството, посебно фармерството, млеко и месо преработувачката дејност.

Во рамки на нивниот престој во Македонија на 24 април  предвидено е да се одржи работен состанок во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Скопје со Министерот Николовски и претставници на други институции што се поврзани со развојот на земјоделството и руралниот развој. Со цел  австриските експерти да може да го споделат своето искуство и знаење со поголем број на засегнати страни од оваа област предвидено е на 25 април да се организира средба со фармери, млеко и месо производители, ветеринари што ќе се одржи во Битола.

Свои презентации ќе одржат:

Mr. Dr. Christian Brawenz, Аташе од Федералното министерство за

Одржливост и туризам на тема

“Мастерплан  за рурален развој во Австрија и организација на поддршказа земјоделство и шумарство “,Mr. Mag. Hermann  Wieser,  Австриски агрикултурен кластер на тема „” Интеграција по должината на синџирот на додадена вредност на млеко и месо. Фактори за успех за квалитативно и квантитативно зголемување на производството на млеко ” и

Mr. Martin Stegfellner, Генерален директор на Сојузната асоцијација на австриски одгледувачи на стока , на тема “Организација на одгледувачи на добиток и успешна сточарство и производство на млеко во Австрија “.

Средбата ќе се одржи во конференциската сала на Синпекс ДОО Битола и се очекува да присуствуваат фармери од целиот пелагониски регион.

П.Ј.

 

 

 

Share Button