fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Дизелот поевтинува за два и пол денари по литар

Од ноќеска на полноќ литар еуродизел ќе биде со цена од 78 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 77,50 денари. Со одлуката на РКЕ, поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 43,743 денари.

Според одлуката на РКЕ, еуродизелот поевтинува за два и пол денари по литар.

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава по пониска цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, еуродизелот поевтинува за два и пол денари по литар, а за исто толку се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство.

Па така, од ноќеска на полноќ литар еуродизел ќе биде со цена од 78 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 77,50 денари.

Со одлуката на РКЕ, поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 43,743 денари.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат и тие ќе се продаваат за 81, односно 83 денари за литар.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close