fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

До 15 март потребно е да се изврши ажурирање на пoдатоците во земјоделските стопанства

Сите земјоделци до 15 март треба да направат ажурирање  на податоците за евентуални промени во своите земјоделски стопнаства.  Сите  промени  што настанале во стопанството како внес на нови парцели– цртање, нови договори за закуп, продолжување на договори потребно е да се ажурираат за да може истите   да  влезат во аплицирањето на субвенции за тековната 2020, информираат од МЗШВ.

После овој термин на 16 март платежна агенција  ги презема сите податоци од Министерството и прави пресек на ажурираните  податоци.  Во субвенционирањето влегуваат само настанатите промени  до 15 март.

Сите промени направени после 15 март влегуваат во субвенционирањето за следната година.

Од Министерството апелираат земјоделците да го запазат терминот до 15 март.

П.Ј.

 

Слични написи

Back to top button
Close