fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

До 2023 година целиот процес на добивање државна помош ќе биде дигитализиран

Новите инвеститори со кои се преговара, ќе нудат високо платени работни места, најмалку за 50 проценти повеќе од минималната плата.

Владата работи на воспоставување на единствен центар за контрола на државната помош, а планот е до 2023 година целиот процес на добивање државна помош да биде дигитализиран, обелодени вицепремиерот за економски прашања координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА.

–Заедно со Светска банка работиме на креирање на овој систем. Нашиот план е до јануари 2022 година да го креираме системот. Исходот од тоа ќе биде 11 процеси на 11 различни институции кои даваат државна помош да биде дигитализиран со цел на 1.1. 2023 година, процесот на добивање на државна помош да биде без хартија. Тоа значи ќе се елиминира можноста човечкиот фактор да интервенира во системот, вели Битиќи.

Новите инвеститори со кои се преговара, ќе нудат високо платени работни места, најмалку за 50 проценти повеќе од минималната плата.

– Нема ниту една од овие инвестиции со кои разговараме да им дозволиме да плаќаат плати од 9.000 денари. Заврши ерата на креирање на сиромашни работни места. Поттикнување на сиромаштија не е наша цел. И затоа ќе ги користиме јавните ресурси за поддршка на странските инвестиции ако има додадена вредност, односно ако има високо платени работни места и ако производите имаат додадена вредност за нашата економија. Така ќе ги задржиме и младите во државата, истакнува Битиќи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close