Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
До 2050 година населението во Македонија ќе се намали за 17 отсто
Според процените на ОН населението во Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.
Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители.
Според процените на ОН населението во Република Северна Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.
Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти.