fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

До крајот на неделата корекција на цената на оризовата арпа

Оризарите бараат новата цена да изнесува 27 денари за килограм.

Коригирана ќе биде новата производна цена на оризовата арпа до  крајот на неделата.

Ваква најава добиле кочанските оризопроизводители кои имале средба со надлежните од министерство за земјоделство во текот на минатата недела.

Пред седум дена кочанските оризопроизводители најавија дека ќе протестираат и ги блокираат патиштата, бидејќи новата производна цена на ориозвата арпа од 23 денари за килограм е многу ниска.

Тие бараат новата цена да изнесува 27 денари за килограм. Во моментов и откупната цена е ниска изнесува од 18 до 20 денари и затоа само 5% од ланската реколта е откупена.

 

Извор Телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close