Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
НОВО! До Нова година ќе биде исплатена дополнителната помош од 20 % за регистрираните земјоделци, потврдува Бачовски
Земјоделци испратија прашања до Зелена берза кога ќе бидат исплатени и овие субвенции за регистрираните земјоделци по што директорот Бачовски потврдува дека за 2019 средствата се исплатени, а сега до крајот на годината ќе бидат исплатени и заостанатите средства за 2020 година по овој основ.
До Нова година ќе бидат исплатени субвенциите за 2020 година за регистрираните земјоделци по основ дополнителна помош од 20 проценти на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, потврдува Никица Бачовски директор на Платежната агенција.

А.Блажевска