Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
До Нова година ќе јадеме поевтин леб, уверува Горан Малишиќ од Мелничко-пекарската индустрија.
Секоја компанија ќе ги намалува цените на производите, зависно од процентот на учество на енергијата во крајниот производ, но под услов цените на суровината, амбалажата и другите инпути да останат исти.
Од мелничко-пекарската индустрија велат дека лебот ќе поевтини, но дека тоа ќе оди постепено. Трендот е позитивен и до Нова година ќе јадеме поевтин леб, уверува Горан Малишиќ од Мелничко-пекарската индустрија.
– Да, цената ќе се намали, соодветно на намалениот трошок за електрична енергија, но тоа нема да биде веднаш, туку, најверојатно, во втората половина на декември. Секоја компанија го прави тоа поединечно, си прават свои математики. Полека, очекуваме по Нова година и суровините да се намалат, пазарот ќе се стабилизира и очекувам трендот да биде позитивен и да функционира нормалната конкуренција на пазарот – вели Малишиќ.
Тој појаснува дека секоја компанија ќе ги намалува цените на производите, зависно од процентот на учество на енергијата во крајниот производ, но под услов цените на суровината, амбалажата и другите инпути да останат исти.https://www.vecer.press/