ВестиМакедонијаТоп вести

До утре граѓаните да достават ажурирани податоци до банките за државните 6.000 денари

Граѓаните кои се приматели на парична помош од 6.000 денари треба да внесат свои нови податоци во банките преку кои се издава помошта.

Она што е важно, а што го потенцираат банките е дека граѓаните кои се приматели на парична помош од 6.000 денари треба да внесат свои нови податоци во банките преку кои се издава помошта. Ако тоа не го сториле претходно и не ја користат сметката редовно тоа мора да го сторат до утре, односно до 25 декември. Тие пак што биле блокирани секако ќе ги добијат парите, ама мора да дадат ажурирани податоци за да им се отворат наменски сметки. Од Владата се децидни, а така пишува и во Законот дека граѓаните со блокирани сметки секако ќе ја добијат помошта.

Од Владата смируваат и велат дека без оглед на ситуацијата, сите кои ги исполнуваат условите ќе ги добијат парите. Тие можат да се трошат без ограничување во денови и исто така без потреба да се за македонски производи. 

Помошта ја добиваат 283.000 граѓани од ранливите категории. Владата веќе уплати 24,6 милиони евра и целта е да им се помогне на ранливата категорија граѓани за полесно пребродување на кризата, а средствата кои ќе ги потрошат ќе се вратат во стопанството.https://faktor.mk/do-utre-gragjanite-da-dostavat-azurirani-podatoci-do-bankite-za-drzavnite-6000-denari

Слични написи

Back to top button
Close