fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Добри вести за земјоделците! Закупот за земјоделско земјиште од сегашните 5 години до 15 години

Како државата ќе им го олесни пристапот до ИПА фондовите?

Договорите за закуп на земјоделско земјиште со долгогодишни насади ќе се продолжат од досегашните пет години до 15 години. Тоа на закупците ќе им овозможи да аплицираат за ИПА средства за кои е услов закупот на земјиштето да биде долгорочен

Сите земјоделци кои што ги исполниле обврските за закуп на земјоделско земјиште ќе можат да го продолжат закупот од сегашните 5 години до 15 години. Ова го предвидвидува законската измена што ја регулира оваа област и која сега се наоѓа во собраниска процедура, а е поднесена од група пратеници.

Оваа измена со еден административен потег кој не чини ништо, а ќе донесе плус средства во буџетот, ќе овозможи правна сигурност за земјоделците заради која тие ќе бидат мотивирани да вложуваат на парцелите кои ги земале под закуп од државата.

Сегашното законско решение предвидува закуп на пет години и тоа решение оневозможува пристап на земјоделците до средствата од ИПА фондовите наменети за долгогодишни земјоделски култури (тука се пред се овошни насади).

Долгорочните договори за закуп на земјоделско земјиште ќе дадат можност земјоделците да стигнат до толку посакуваното финансирање од ИПА средствата. Затоа што долгорочните договори за закуп на државно земјоделско земјиште се услов што мора да се исполни за да се стигне до тие средства.

И без тоа сега со договорите за закуп до 15 години земјоделците ќе бидат охрабрени да вложуваат и повеќе сопствени средства токму заради правната сигурност што ја нуди долгорочниот закуп.

Оваа мерка се однесува на закупците на земјоделско земјиште кои и сега имаат петгодишни договори.

Со измената ќе се даде можност во редовна процедура закупецот да аплицира за продолжување на својот договор за закуп ако станува збор за долгогодишен насад на земјоделски култури. Во тој случај ако закупецот ги исполнил сите свои обврски по петгодишниот договор ќе може да аплицира за продолжување за период најмногу до амортизација на долгогодишниот насад.

Периодот на амортизација на насадот го утврдува петчлена комисија во чиј состав има три стручни лица вработени во Министерството за земјоделство, а две лица се стручни претставници за високообразовни институции од областа на земјоделството.

Формалниот дел од постапката и понатаму предвидува министерот за земјоделство да може да го продолжи договорот за закуп откако ќе добие согласност од Владата на која пак ќе претходи позитивно мислење од надлежен државен правобранител. Извор https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close