fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Почнува изградбата на канализационата мрежа во Камењане

Денеска министерот Насер Нуредини го означи официјалниот почеток на градежните работи во село Камењане.

Во рамки на проектот за изградба на канализациони мрежа во Општина Боговиње, денеска министерот Насер Нуредини го означи официјалниот почеток на градежните работи во село Камењане.

За реализација на овој проект во двата населени места во Општина Боговиње, од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) се обезбедени околу 266 милиони денари, од кои изградбата во село Камењане опфаќа вредност од околу 123 милиони денари.  Канализационата мрежа во ова населено место ќе опфати 101 крак со вкупна должина од околу 23 км.

Нуредини ги најави подготвителните активности на МЖСПП за обезбедување на заем од 50 милиони евра од Европската инвестициона банка (ЕИБ) за реализација на втората фаза на проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“, преку кој ќе се зајакнува комуналната инфраструктура и ќе се подобруваат условите за живот во сите општини во државата. Овие средства ќе овозможуваат економски развој на руралните подрачја преку инвестиции во  системите за водоснабдување и системите за третман на отпадните води.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close