fbpx
ВестиЛов и риболов

Дојран порибен со 50.000 единки автохтон дојрански крап

Збогатен рибниот фонд во Дојранското езеро. Од денеска езерото е побогато за 50.000 единки автохтон дојрански крап. Порибувањето со новиот подмладок го реализираше концесионерот на езерото согласно годишниот план за работа и концесискиот договор. Целта е да се зголеми фондот на риби, а со тоа и да се зачува овој вид автохтона риба за кој во последните неколку години има се поголем интерес од страна на рекреативните риболовци.

dojran poriben so 50 000 edinki avtohton dojranski krap

 

,, За четири години имаме извршено порибување со околу 200 000 единки автохтон дојрански крап. Тоа значи дека рибниот фонд во Дојранско езеро е зголемен, а тоа најдобро го знаат рекреативците бидејќи Дојран стана најпосетувано езеро за рекреативен риболов во Македонија.,, вели Илчо Парчев – концесионер на Дојранско езеро.

Покрај концесионерот во збогатувањето на рибниот фонд во Дојранското езеро учествуваше и државата. Порибувањето од страна на министерството за земјоделство беше реализрано пред десетина дена за што преку програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата биле обезбедени 800 000 денари со кои се произведени 50.000 единки дојрански крап. Последните неколку години рибниот фонд во Дојранското езеро постојано се збогатува. Во периодот од 2011 до 2015 година езерото било порибувано со околу 1500 килограми подмладок од крап на годишно ниво.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close