fbpx
Вести

Јадењето нема да оди на ѓубриште

Храната која може да се употреби, а е со истечен или пред истек на рокот, веќе нема да завршува на депонија. Ваква можност се дава со иницијативата за носење на закон за донирање храна за луѓе и животни, која ја туркаат неколку невладини организации. Носител на законската иницијатива е асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде, Македонија“, со поддршка од неколку невладини организации. Тие заеднички веќе работат на развивање и конципирање на законодавна иницијатива, со поддршка на НДИ (Националниот демократски институт).

jadenjeto nema da odi na gjubrishte

 

„Со законското решение треба да се дефинираат условите и начинот на располагање и дистрибуирање на донираната храна, да се предвидат даночни ослободувања и стимулации за донирањето храна која е пред истек на рокот, да се ограничи на уништувањето на храна која с# уште има можност да се користи за исхрана на луѓето и на животните“, вели Блаже Јосифовски од „Ајде, Македонија“.

Според статистичките податоци, околу 30 отсто од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира, бидејќи се расипува веднаш по берењето, или во текот на транспортот, или на крајот во отпад ја фрлаат големите трговски синџири и потрошувачите. Само на скопската депонија Дрисла годишно завршуваат 1.730 тони храна, а на ниво на Македонија бројката достигнува и до 5 000 тони. Ако од оваа храна се селектира безбедната, тогаш ем ќе се нахранат многу гладни лица ем ќе се намалат количините кои се фрлаат, со што ќе се придонесе кон заштита на животна средина. Според Јосифовски, во периодот кој следува ќе има низа активности кои ќе одат во насока на носење на квалитетен закон за донирање храна, кој е повеќе од потребен. Основната цел на носењето на овој закон, вели Јосифовски, е да се намалат количините отпад, но и загубите во храна, а да се нахранат гладните и социјално загрозените граѓани.

АХВ: Со сегашниот закон небезбеден е секој производ со поминат рок

Според Законот за безбедност на храна кој е во сила во Македонија, секој производ кој не е во предвидениот рок на траење дефиниран од производителот или со законските прописи, се смета за небезбеден. Ваквите производи треба нештетно да се отстранат од пазарот, односно да се уништат. „Нашата национална легислатива нема пропишано одредби со кои би можело да се продолжува рокот на употреба на одреден производ. Секој прехранбен производ – храна, за која не постои гаранција дека се исполнети општите и посебните услови за безбедност, има третман на небезбеден и се смета дека претставува потенцијална опасност за здравјето на луѓето. Ваквата храна, по налог и под надзор на инспекциските служби, нештетно се уништува“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close