Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Стомнароски-Добро е што се зголемени цените, колку-толку ќе ги амортизираат трошоците

Сите фирми ги зголемија цените за 20 насто и потпишаа анекси и очекуваме дека годинава добро ќе биде проценет нашиот род. Ако дојде и до повисоки цени, тоа е добро за нас во оваа криза. Реално, и овие цени не се доволни според трошоците. Но малку од малку ќе се ублажат трошоците, рече Стомнароски.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија смета дека откупувачите брзаат да го преземат родот зашто е помалку и квалитетен. Добро е што се зголемени цените што, реално, колку-толку ќе ги амортизираат трошоците.

– Компаниите брзаат да го почнат откупот уште во предвремениот рок зашто помалку е род и сакаат да го преземат. Годинава ќе имаме род иако нешто повеќе од лани но околу 19 000 тони. Очекуваме добра проценка на вагите. Сите фирми ги зголемија цените за 20 насто и потпишаа анекси и очекуваме дека годинава добро ќе биде проценет нашиот род. Ако дојде и до повисоки цени, тоа е добро за нас во оваа криза. Реално, и овие цени не се доволни според трошоците. Но малку од малку ќе се ублажат трошоците, рече Стомнароски.

По класи, зголемувањето е: за прва од 280 на 300 денари за килограм, за втора од 200 на 240, за трета од 150 на 180 денари и за четврта од 85 на 100 денари за килограм тутун.

Сојузот очекува до петок да се отворат сите 223 ваги, а повереници има на сите ваги. Инспекторатот, пак, смета дека ќе помине повеќе време.https://nezavisen.mk/

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button
betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom