fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Домашното производство на млеко намалено за над 25 отсто

Производството на кравјо млеко во 2023 година изнесува 238.328 илјади литри, што е за 26,5 проценти помалку во однос на 2022 година.

Продолжува трендот на намалување на домашното производство на млеко, а се намалува и бројноста на говедата и овците кои се одгледуваат во нашата земја.

Статистичарите утврдиле дека има намалување и кај домашното производство на продукти од млеко.

Па така, според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2023 година изнесува 238.328 илјади литри, што е за 26,5 проценти помалку во однос на 2022 година.

– Намалување на производството е забележано и кај овчото млеко, и тоа за 20,5 отсто во 2023 година во однос на претходната година.

Производството на козјо млеко е зголемено за 3,3 проценти споредено со претходната година. Вкупното производство на месо е намалено за 7,4 отсто – пишува во извештајот ДЗС.

Од другите добиточни производи, во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close