fbpx
ВестиТоп вести

Дополнителни субвенции за лозарите

Лозарите ќе добиваат дополнителен еден денар субвенција за предадено винско грозје во домашните капацитети. До 25-ти декември ќе можат да аплицираат за дополнителните пари за вранецот и за смедеревката. На откупните пунктови ќе присуствуваат и претставници на лозарските здруженија за да се намали манипулацијата со шеќерните единици по кои се одредува цената на грозјето.

Лозарите годинава треба да добијат вкупно еден и пол денар повисоки субвенции за килограм смедеревка и вранец. Односно по 1 дополнителен денар за килограм и половина денар од зголемените субвенции за еден хектар.

Со програмата за финансиска поддршка во земјоделството, лозарите кои имаат од еден до 10 хектари лозје ќе добијат наместо 40.000 по 48.000 денари за хектар за одржување на насадите.

До 25-ти декември можат да аплицираат за дополнителната субвенција за „вранецот“ и „смедеревката“, а со барањето за аплицирање треба да достават и доказ дека грозјето е предадено во домашни винарии.

Според најавите на откупувачите, за претстојната реколта 2018-та година се предвидува откуп на околу 38 милиони килограми „смедеревка“ и околу 42 милиона килограми „вранец“.

Во 2017-та година откупната цена за грозјето изнесуваше 13,6 денари за килограм.

 


 

mrt

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close