вести

Дождовите добри за пченицата, проблем за пчелите

pcenica

Дождовите ќе влијаат поволно на земјоделските култури. Најкорисни се за пченицата која е во фаза на полнење на зрното. Ова според земјоделците донекаде може да ја спаси годинешната жетва која поради сушата се смета дека ќе биде помала за скоро 60 проценти од вообичаениот род.

Дождовите донекаде можат да ја спасат есенската пченица која е во фаза на полнење на зрното, но сеуште се потребни нови врнежи за целосното завршување на вегетацијата. Влагата се одржува највеќе во површинскиот слој на почвата и е доволна само за пролетните култури кои се на почеток на развојот.

Од другастрана секојдневните обилни дождови се проблем за пчеларите и за пчелните семејства кои неможе да се напасуваат на ваквото време. Тешкотии има и со сушењето и косењето на ливадските треви и луцерката како добиточна храна.

Постои опасност и од појава на болести и штетници поради високата влажност на воздухот и топлото време со повеќе од 30 степени.

Сепак, последните врнежи, ќе ја подобрат хидролошката состојба кај реките и кај акумулациите чии води се на ниско ниво, а ќе ги зголемат и резервите на влага во подлабоките слоеви на почвата.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close