fbpx
Вести

Драги Манев: Почнав со органско производство, и не мислам по никоја цена да се откажам

57 годишниот Драги Манев од селото Паликура скоро четири децении се занимава со земјоделство, а веќе пет години е сертифициран органски производител, на што претходела една до две години пробна работа.

Произведува органски праски, модар патлиџан, индустриски домат и пиперка ајварка. Вложил доста средства за оваа работа. Вели дека 1500 евра потрошил само за набавка на семиња од Швајцарија, плус систем капка по капка за наводнување, и ред други трошоци, но сепак работата го исполнува. Работи со своето семејство, има површина од 2.5 хектари со органско производство, и обезбедил пласман за српскиот пазар.

„Јас од оваа работа не мислам да се откажам. Ова го прифаќа Европа, во Данска многу е барано, и зошто ние да се враќаме назад? Добро би било и другите земјоделци ова да го прифатат, но тешко оди. За овие седум години не убедив ниту еден да почне да се занимава со истото или барем да ме ислуша. Добро би било кога овие производи би оделе за странски пазар, но и домашниот да ги прифати. Една тура веќе имам пратено надвор, а сега се подготвувам за втора“ – вели Манев.

Од оние производи кои тој ги произведува органски, вели дека најбарана е ајварката, а најтешко да се произведе органски е морковот.

„Морковот органски се бара, но јас немам произведено, затоа што е тешко да се произведе, тој е многу нежен, и од плевел тешко се чисти“- рече Манев.

Сепак, додава дека земјоделската работа е доста тешка и бара многу труд.

Побарувачката за органски производи на светско ниво се зголемува со многу брзо темпо. Во 2015 година достигна 90 милијарди долари за разлика од 1999 година кога беше 15 милијарди. Најголеми потрошувачи се Швајцарија, Германија, Велика Британија, Луксембург и Данска.  Побарувачката е голема и во САД и Канада.

 


 

faktor

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close