![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/nutella.jpg)
Nutella го смени рецептот, потрошувачите бесни
Nutella повторно се наоѓа на мета на критики на потрошувачите, сега бидејќи го променија рецептот.
Потрошувачите се огорчени и го критикуваат Фереро Роше бидејќи го променил рецептот за нивниот омилен намаз.
![](https://www.introgroup.mk/zelena2019/wp-content/uploads/2017/11/nutella-1024x576.jpg)
Потврдата од Фереро дојде откако промената ја воочила германска групација за заштита на потрошувачи.
Како што тие пренесуваат, продуктот ќе содржи повеќе шеќер, а со самото тоа и полесно ќе се размачкува.
Измените во новиот рецепт на Nutella се следните: Учеството на млеко во прав се зголемува од 7.5 на 8.7 отсто, а додаден е и шеќер, па наместо досегашните 55.9 отсто, Nutella ќе содржи 56.33 отсто – така што новата Nutella е уште поблага.
Фереро потврди дека е спроведено прилагодување, но истакнаа и дека многу други брендови редовно вршат промени.
Тие истакнаа и дека квалитетот, како и останатите клучни аспекти остануваат непроменети.
Меѓутоа, над десетици илјади потрошувачи преку социјалните мрежи го искажаа својот бес и фруструации поради промените на нивниот омилен производ.