Агро бизнисБез категоријаВести
Драстично се намалуваат трошоците за брзи кредити, се прекинува „должничкото ропство“
Со ова се прекинува праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.
Пратениците од парламентарното мнозинство ги усвоија законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити, се пофалија од СДСМ.
Со усвоиените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60 отсто од кредитот.Со ова се прекинува праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.