fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Државата ја држи стабилна цената на струјата на домаќинствата, вели Заев

Нашиот модел е либерализација со постепено отворање кон граѓаните.

Државата ја држи стабилна цената на струјата на домаќинствата, затоа што нашиот модел е либерализација со постепено отворање кон граѓаните. Во моментот, државата има обврска да обезбедува околу 60-70 проценти од струјата, а останатите до 100 проценти ги субвенционира, изјави  премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со министерот Насер Нуредини.

Трендот на берзанско покачување на струјата, посочи Заев, беше видлив уште во првото полугодие и Владата презема соодветни активности, како што е намалувањето на ДДВ на електричната енергија од 18 на 5 проценти и на тој начин успеваме да ги амортизираме дел од трошоците, кои граѓаните би ги сносиле ако државата не интервенира.

– Вториот дел е директната интервенција што државата ја прави со енергетскиот производител ЕСМ за да можеме да држиме стабилна цена на струјата на домаќинствата, иако таа е неколкупати зголемена, еве 4-5 пати, зависи од кога земате мерења. На два начини правиме субвенционирање. Едното е директно ги помагаме ЕСМ за да може производната разлика со таа за граѓаните да ја платиме од Буџетот, со средства од граѓаните, а тоа да не го плаќаат граѓаните. Вториот дел е субвенционирање на цената што се набавува на отворен пазар, за до 100 проценти се покријат домаќинствата и така ќе продолжиме, изјави Заев.

Северна Македонија согласно Енергетската економска заедница, посочи Заев, е отворен пазар и во моментот компаниите и јавните институции на отворен пазар набавуваат струја.

– Овде правиме дополнително алоцирање на буџетски средства за болниците, школите и градините, кои набавуваат многу поскапа струја од порано или од периодот кога биле планирани овие буџетски средства, изјави Заев.

Нормално 2022 година, посочи Заев ќе ги очекуваме тековите кои ќе се случуваат, но јасно е дека со политиките на климатските промени и инвестициите во обновливи извори на енергија се обидуваме и ние како држава да обезбедиме поголеми количини на зелена енергија по конкурентни цени, како би можеле и на подолг рок да ја ублажиме ваквата тенденција.

– Јасно е, во светот трендот покажува дека цената на струјата и во иднина ќе биде многу висока, затоа што се повеќе се затвораат централите на јаглен, а се повеќе и повеќе расте побарувачката на електрична енергија. Природниот гас порасна во вредност, а секако и останатите енергенси за производство на струја. Оттука, како Влада сериозно сме посветени на максимално помагање од економско-социјален аспект на нашите домаќинства, изјави Заев.

Одговарајќи на прашањето дали земјата има план кој што го има доставено до Самитот за климатски промени што ќе се одржи следниот месец, како што тоа го строиле деведестина земји, Заев рече дека таков план постои.

-Да, имаме план, нашиот план е до 2030 година да бидат затворени сите јагленови централи во државата, тоа а се трите блока по 210- 220 мегавати во Битола и блокот во Осломеј од 110 мегавати, како проектирани капацитети на струја. Затоа сме вака фокусирани и на зелената агенда и на инвестиции во ветерници во фотонапонски централи и тн., рече Заев.

Тој додаде дека како држава имаме таргетирано 1.600 мегавати фотонапонски централи и 600 мегавати ветерници и сето тоа ќе се го надгради со Чебрен, кој е балансер како нова ХЕЦ од 300-350 мегавати, вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, каио и со ТЕЦ Неготино за користење на природен гас заради потребата од дополнително балансирање. Паралелно, со МЕПСО има планови за зајакнување на енергетската мрежа…

-Државата сериозно се подготвува за еден ваков процес и веруваме дека македонското сонце ќе го искористиме максимум за производство на зелена енергија, а со конечна цел и пред некои европски земји да бидеме поуспешни во затворање на загадувачките капацитети, како што се јагленовите термоелектрани, рече Заев.

Министгерот Нуредини рече дека Северна Македонија е една од првите земји која што поднела предлози во однос на климатските промени и дека добила пофалби од повеќе држави.

-Планот е да се заштити животната средина. Ние бевме една од првите земји во светот која што прати наш документ, со кој се обврзуваме да ги намалиме стакленичките гасови од 51 отсто или нето намалување од 82 отсто, рече Нуредини.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close