fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСовети

Оси и муви во смоквите

Сакате смокви? Веројатно да. Но, дали и понатаму ќе ги сакате кога ќе знаете што всушност се наоѓа во нив?

Сите сакаме смокви и мора да признаеме дека се многу вкусни, меѓутоа постои една одвратна работа во врска со нив – внатре се наоѓаат мртви оси и муви.

Смоквите воглавно ги опрашуваат оси, кои често се заглавуваат внатре и умираат. Експертите велат дека во секоја смоква се наоѓа барем по една мртва оса, а неретко во нив се заглавуваат и муви.

Меѓутоа, нема да најдете мртов инсект внатре, бидејќи смоквата лачи силен ензим кој во целост го разградува инсектот и го претвора во протеини.

Овој не многу добар факт, сепак, нема да не спречи да јадеме смокви.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close