fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Државно земјоделско земјиште во регион на Гостивар ќе се дава под закуп

На вчерашната седница донесе одлука за давање на согласност на два јавни оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари.

Предмет на јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари преставува земјоделско земјиште со вкупна површина од 1.520ха 53ар 54м2 и тоа за следните региони: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово и Гази Баба, како и во регионите Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип со намена за:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,
-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
-подигање на маслинарници за период до 50 години,
-одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
-ливади за период до 15 години,
-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
-рибници до 20 години, и
-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close