Два милиони евра од европскиот ИПА фонд кои се наменет за рурален развој ќе се искористат за поддршка на земјоделските задруги.
Веќе се избрани експерти од Италија кои ќе изготват студија и ќе предложат конкретни мерки за консолидирање на задругите и изградба на сопствени ладилници и откупно-дистрибутивни пунктови.
За мотивираноста за здружување во задругите според земјоделците може да влијае и поддршката од комерцијалните банки за нивните проекти и финансирање.
Досега се формирани вкупно 19 задруги што според проценките е под посакуваното ниво и потребите за поефикасно производство.