
Агро бизнисВестиТоп вести
Двајца прилепчани дрвокрадци се обиделе да прегазат шумски полицајци на патот Прилеп-Велес кај Дервен
Дрвокрадците удриле во службено возило на шумската полиција и избегале.
На 25.11.2025 во 22.30 часот, во ОВР Прилеп Р.М. од Прилеп пријавил дека на стариот патен правец Прилеп – Велес кај мв.Дервен, пријавителот вработен како шумски полицаец заедно со неговите колеги, затекнале две возила кои вршат бесправен транспорт на огревни дрва и при обид да ги стопираат истите се обиделе да ги прегазат, при што удриле во нивното службени возило и избегале. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, лицата биле пронајдени и приведени во полициска станица Прилеп при што е утврдено дека се работи за Е.А. и М.А.двајцата од Прилеп и по документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.




