Винаријата Бовин од Неготино, прослави две децении постoење создвајќи врвни ексклузивни вина. Винаријата денес извезува во 37 земји, на 5 континенти.
Бовин е првата приватна винарија во Македонија, од која започна трендот на извоз на флаширани вина, и развојот на винската култура во нашата земја.
Денес винаријата располага со капацитет од милион литри со производство на најексклузивните вина во Македонија меѓу кои и трите најскапи од Македонија.
Во 2002-та година виното Александар од Бовин се служеше на венчавката на принцот Вилхем од Холандија.
Оваа година вранецот My Way 2011 беше прогласено за едно од најдобрите црвени вина во светот освојувајќи највисоко златно признание на интернационален вински натпревар во Њујорк.